Гевгелија на точак


7ми Ноември – “Гевгелија на Точак”
Гевгеличани покажаа со својата придружба дека секој може да вози велосипед, без разлика на возраста.
Гевгеличани покажаа дека не е потребно да се има нов и модерен велосипед, туку важно е да се применува велосипед како превозно средство, а не автомобили со штетни издувни гасови кои ја загадуваат животната средина.
На штафетното возење кое го нарековме „Гевгелија на Точак” учествуваа мајки со мали деца, тинејџери и тинејџерки, повозрасни сограѓани и сограѓанки.
Иако настанот беше организиран од страна на #Changemakers4all#Променисé, настанот беше на Гевгеличани, придружени и од велосипедисти од Општина Богданци.
Ви благодариме за големиот интерес и учество,
Ви благодариме што ни ја зголемивте довербата дека некои работи во градот и општината можеме заедно да ги промениме.
Сакаме повеќе велосипеди а помалку возила низ градските улици.
Сакаме град без штетни гасови.
Сакаме чиста и зелена Гевгелија.
Идната година „Гевгелија на Точак” повторно и се надеваме дека заедно со Вас збогатени содржини заедно ќе го направиме традиционален, во чест на старите Гевгеличани кои биле основачи на самиот настан.
Пријателски поздрав,
И не заборавајте – возиме точак !

Related Post

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*