ИСКЛУЧИ СЕ – Протест против поскапувањето на струјата


ИСКЛУЧИ СЕ НА ТРИ МИНУТИ! ПРОТЕСТ НА ГЕВГЕЛИЧАНИ ПРОТИВ ПОКАЧУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА
Синоќа, во 20:00 часот пред седиштето на ЕВН Гевгелија, во организација на здружението “Changemakers4All” се одржа најавениот протест на граѓани од Гевгелија и Богданци против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто. Претходно, тие упатија апел до сите граѓани и стопански субјекти почнувајќи од 20:00 часот на три минути во знак на револт да го изгаснат осветлувањето во нивните живеалишта и објекти.
Пред граѓаните се обратија Марина Томова, претседателка на здружението и Коста Карев, член на здружението „Changemakers4All.#.
Тие истакнаа дека Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за покачување на цената на електричната енергија е скандалозна, а уште поскандалозен беше обидот на тие што одлучуваат да ги убедат жителите дека Македонците имале најниска цена во Европа. Кога се прави ваква споредба, цената на електричната енергија треба да се спореди, велат тие, со просечната месечна плата, и затоа излегува дека имаме една од најскапите цени во Европа.
Оваа одлука на Регулаторот е во интерес на компаниите и на штета на граѓаните, а не треба да биде така. Таа одлука мора да се разгледа, бидејќи Регулаторот не може да се грижи повеќе за профитот на компаниите отколку за граѓаните. Дури и ако компаниите споменати од РКЕ имаа загуби, криза е, сите компании ќе имаат загуби.
Дали Регулаторната комисија постапува етички, професионално, непристрасно, објективно, совесно и независно од секаков вид на пазарни интереси и ги штити потрошувачите од злоупотреба на доминантната позиција на пазарот?, запрашаа протестантите
Одлуката е донесена, заклучија тие, без претходно да биде иницирано донесување на Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија според Член 15 од Законот за енергетика:
Се чини дека овие субјекти се создадени само со цел да имаат сигурно парче од енергетскиот колач кој годишно изнесува неколку стотици милиони евра.
Како граѓани немаме право да вршиме притисок врз Регулаторната комисија во однос на одлуките кои таа ги носи, но ги имаме сите права да бараме да бидат санкционирани сите нејзини одлуки кои се незаконски, како и да бараме од законодавецот да ги преразгледа сите решенија во Законот за енергетика кои овозможуваат несразмерно богатење на функционери и економски субјекти на сметка на обичниот граѓанин.
Оваа одлука на Регулаторот е во интерес на компаниите и на штета на граѓаните, а не треба да биде така. Таа одлука мора да се разгледа, бидејќи Регулаторот не може да се грижи повеќе за профитот на компаниите отколку граѓаните. Дури и ако компаниите споменати од РКЕ имаа загуби, криза е, сите компании ќе имаат загуби.
Од здружението најави и во иднина вакви протести затоа што Синдикатите и граѓанските организации воопшто не се согласуваат со ставот на РKE да ги зголеми цените поради намалување на профитот на компаниите.

Related Post

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*