Денес, во малата сала на Народниот театар, Здружението на граѓани „Промени сѐ“ („#Changemakers4All“) во улога на локален коорганизатор, во соработка со организаторот, Здружението на граѓани – Центар за еколошка демократија „Флорозон“, од Скопје, одржа јавна трибина на која се дискутираше за актуелните проблеми во областа на заштитата на животната средина на територија на Општина Гевгелија.
Говорници на настанот беа претставниците на споменатите граѓански организации, Марина Томова и Кирил Ристовски, Лилјана Поповска од Здружението „Зелен институт“, Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков и државниот инспектор за животна средина Вера Љатева.
Настанот е реализиран во рамките на проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда”, финансиран од Европската Унија, во рамките на кој е формирана Коалиција за животна средина, во која, до сега членуваат 32 граѓански организации од целата држава.
Цел на Коалицијата е поврзување на организациите кои се залагаат за „еколошка демократија“, тоест го бранат уставно загарантираното право на живеење во чиста животната средина.
Се говореше за обидите за инфилтрирање на тешка загадувачка индустрија на територијата на општината, за нелегалната сеча на дрва на Кожуф планина и прашањата кои се однесуваат на селектирањето и дислоцирање на отпадот во општината.


Be the first to comment