Почитувани сограѓани-ки !!!
Денес во 10 часот започнавме со делење на бесплатни маски за повеќекратна употреба за граѓаните на Гевгелија.
Маските се донација на конфекциската фабрика „Дока текстил“ од Валандово а ги обезбеди општина Гевгелија.
Денешниот ден ни покажа дека за бесплатните маски има огромен интерес бидејки првите 500 маски беа поделени за околу 45 минути.
Втората кутија со 1.000 маски пристигна пред 12 часот и за неполни 2 часа и тие беа доделени.
Како здружение на граѓани не знаевме за колку време може да се доделат маските и затоа определивме термин од 10 до 16 часот но интересот беше огромен и само за неколку часа целата количина на бесплатни маски беше доделена.
Утре 26-ти, четврток повторно во 10 часот за гевгеличани-ки ке започнеме со делење на маските пред супермаркетот Кит-Го.
Во Негорци бесплатни маски од 12 часот ке бидат делени во непосредна близина на НТ-Кист кај Звонко Нанчев во училницата по англиски јазик од страна на наставникот Владо Ангеловски.
Напоменуваме дека денес на ПОЧЕТОКОТ некои од граѓаните-ките не се придржуваа на препораките на министерството за здравство и дека дел од граѓаните не ја почитуваа една од главните препораки за одалеченост од 2 метра.
Во текот на утрешниот ден ако се случи повторно непочитување бесплатни маски НЕМА да се делат се додека не се направи ред каков што е препорачан од светската здравствена организација и министерството за здравство на нашата држава.
Апелираме за СТРОГО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА !

Be the first to comment