МАРШ ВО МОЛК


Идеата да се размислува како да се помогне на заболените од опаката болест Канцер / Рак започна по неформален разговор со заболена личност од нашиот град.
По десетина дена оформивме затворена група на социјалната мрежа facebook каде ги договаравме деталите за да се слушне гласот на оваа група луѓе која за жал во Гевгелија е во се поголем број.
Во многубројните дискусии се конкретизира и планот за дејствување во следните десетина дена и главната активност која ја насловивме МАРШ ВО МОЛК.
Преку марш во молк сакавме јавноста во нашиот град но и во нашата држава да слушне за проблемите кои ги имаат овие луѓе, да побараме решенија за оние кои што реално можат да се решат во брз временски период.
МАРШ ВО МОЛК се одржа вчера, до македонската јавност беа испратени повеќе пораки а неколку пораки беа пратени до министерот за здравство Венко Филипче.
Во претходните десетина дена во кои бевме во секојдневен контакт со заболени од ова болест се запознавме со прекрасни луѓе на кои не им треба сожалување, овие луѓе зрачат со оптимизам иако не им е воопшто лесно.
Бевме воодушевени од позитивната енергија која што ја пренесоа и на нас. Голем дел организација на настанот кој што не беше од мал обем ја сработија тие, многу од идеите кои што беа реализирани беа нивни.
Чест ни беше да работиме со овие храбри луѓе, луѓе полни со љубов и вистински борци кои не се предаваат под предизвиците кои што се пред нив.
Од денес започнавме заедно со втората фаза во која работиме на брзо регистрирање на здружение на граѓани во нашиот град.
Здружение кое ќе биде од големо значење за граѓаните од Гевгелија но и од југоисточниот регион на нашата држава.
Им посакуваме успех, голем успех, а ние ќе бидеме секогаш до нив, и со нив.
Како ChangeMakers4All застанавме до нив со мото ‘И ТИ, И ЈАС МОЖЕ ДА БИДАМ ПАЦИЕНТ’, не од поглед на медицинската терминологија на значењето на ова реченица, туку затоа што секој од нас е потенцијален Канцер пациент.

Related Post

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*