Во соработка со општина Гевгелија, денес започнавме со делење на 60 пакети за социјално ранливите семејства во кои спаѓаат корисниците на минимална гарантирана помош, корисниците на народната кујна и корисниците кои го искористиле правото на еднократна парична помош.
Пакетите се хуманитарна донација во прехранбени продукти и средства за лична хигиена од трговското претпријатие „КАМ ДОО“ а ги доставуваме според добиениот список од меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија.
П.С. Change Makers 4 Аll секогаш на страната на помалку привилигираните и ранливи категории на граѓани-ки.


Be the first to comment