Пораки од 59 ученика до нас возрасните:
САКАМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО ЧИСТА ОКОЛИНА !
Засади дрво !
Водата вреди, затоа се штеди !
Денеска, на нашата едукативна еко акција организирана на улица Илинденска, присуствуаа 59 ученика, од 4 училишта, со 3 натпреварувачки тима.
Воедно акцијата беше придружена и од тимот на ChangeMakers4all, на возрасни, како и помали деца.
Вкупната бројка беше околу 85.
Во придружба на наставник, хемичар и биолог – Силвија Д. кoja го одржа едукативниот дел, во придружба на нејзиниот тим.
Акцијата беше од едукативен, натпреварувачки и забавен карактер.
Победници на оваа еко акција беа учениците на ОУ Крсте Мисирков, кои како награда ќе добијат еднодневна екскурзија на Кожуф, додека со другите тимови ќе биде организиран пикник.
Горди на свесноста,а и активноста на младиве генерации, на кои што моравме да им се ИЗВИНИМЕ во името на сите несвесни граѓани, кои беа пречекани со грда слика со отпад на улица Илинденска.
Од екипата на ChangeMakers4all,
Поддржана и придружена од Општина Гевгелија, ЈП Комуналец и Близнак Ком.



Be the first to comment