Одржливо постапување со отпадот на територија на општина Гевгелија 8


Известување до жителите на општина Гевгелија :
🕛🕛 🕛
📣🔊Во рамки на спроведување на проектот за одржливо постапување со отпадот на територија на општина Гевгелија Здружението на граѓани Чеијнџмејкерс во месец септември продолжува со активности заедно со ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија
И покрај големите препреки што ги имавме како здружение за добивање на соодветно земјиште на подолг период, продолжуваат активностите за организирање привремена локација за третирање на органскиот отпад и негово компостирање.
Целта е на дело да се провери Беркли методата за компостирање која се одвива забрзано и овозможува задржување на влага и хранливите материи во создадениот компост.
📌На градскиот пазар во Гевгелија, на ден 15.09.2022, ќе биде поставен и графички означен контејнер за собирање на биоразградливиот отпад. Во Гевгелија четврток е пазарен ден и на пазарот има поголем проток на луѓе од цела општина, па се создава и остава голема количина на биоразградлив отпад.
📌Истиот ден, на истата локација продолжува активноста за подигање на јавната свест кај граѓаните за правилно постапување со отпад, во рамки на која ќе се одржи трибина на која ќе се објаснат предностите на селектирањето и ќе се објасни првата планирана фаза за негово започнување – одвојување на биоразградливиот отпад од сиот останат и негова преработка во хумус.
На граѓаните ќе им се делат флаери со информативна содржина.
За да се насочат граѓаните луѓето кон започнување со селекција, на флаерот ќе има интригирачка содржина која ќе им се нуди ним, без надомест, на користење да земат кофа за одвојување на биоразградливиот отпад од останатиот.
Следете не за повеќе информации.
🍀🌳🌾🍁🍂
Поддржано од Civica Mobilitas

Related Post

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*