Одржливо постапување со отпадот на територија на општина Гевгелија 4


Changemakers4all во соработка на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија започна со проект; организирање на одржливо постапување со отпадот на територија на Општина Гевгелија.
Активностите кои треба да се реализираат до крајот на септември се следните:
– Подигање на јавната свест за правилно постапување со отпадот
– Претставување на сегашната состојбата и начинот на кој се третира отпадот преку видео материјал
– Претставување на последиците од неконтролираното фрлање отпад, како и влијанието врз нашето здравје, земја, вода и воздух
– Акции за поттикнување на намалување на количините на произведен домашен отпад
– Кампања насочена кон граѓаните за создавање свесност за кoристење торби
– Кампања насочена кон граѓаните за создавање свесност за купување на рефусни производи
– Обучување на граѓаните на основните навики на селектирање на отпадот во секој дом
– Графичко обележување на контејнерите
– Поставување стендови, закачалки за пластика и хартија;
– Делење на вреќи;
– Поставување контејнери;
– Организирање на активности за производство на рециклирани материјали, суровини од отпадот;
– Организирање на производство на премети од отпадна пластика, хартија и лименки
– Организирање соодветна локација за третирање органскиот отпад и негово компостирање;
– Организирање складиште за работи кои може повторно да се употребат (покуќнина, текстил и др.)
– Волонтерски акции за чистење на дивите депонии.
Мора да се промениме ❗
Подрржано од Civica Mobilitas

Related Post

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*