Changemakers4all организира реновирање на дом на самохраната мајка кој беше во ужасна состојба. После нашиот повик, се јавија заинтересирани жители од нашата општина, поединци, родители, волонтери кои изразија желба да помогнат во рамките на нивните можности. За домот да стане пристојно место за живеење помогнаа повеќе жители на Гевгелија, наш сограѓанин кој што живее и работи во странство како и приватните компании: Перфект Керамика, Рина Ком и Стоун Форм и Мима Пе. За да проектот пристојно место за живеење биде завршен потребни се уште мали финансиски средства за кои се надеваме дека во следните неколку дена ке бидат обезбедени. Ви благодариме за вашето учество и искажаната хуманост на дело а ние и во иднина ќе продолжиме да ги поврзуваме луѓето и да внесуваме позитивни промени во нашето општество.





Be the first to comment