Донација за ТППЕ ,,Пожарна‘‘ – Гевгелија


Годината која што сакаме што побрзо да замине ја завршуваме со донации кои што завршија во ЈЗУ „Општа болница Гевгелија” – Гевгелија, ТППЕ „Пожарна” – Гевгелија, СОУ „Богданци” – Богданци и ЈУ „Меѓуопштински центар за социјална работа” – Гевгелија.
Во ЈЗУ „Општа болница” дониравме нови медицински униформи за секојдневна работа на вработениот персонал.
Во ТППЕ „Пожарна” дониравме 80 парчиња специјална опрема за гасење пожари и чизми кои што се неопходни за работа на терен.
Во СОУ „Богданци” дониравме спортска опрема која што се состоеше од неколку стотини тренерки, дресови, пластични столчиња за публика итн.
ЈУ „Меѓуопштински центар за социјална работа” дониравме 8 специјализирани помагала за инвалидизирани лица.
Овие донации немаше да бидат реализирани без неколку месечната теренска работа во Холандија на еден од нашите членови Јан Звиерс и неговите партнери во компанијата „Микродониа”.

Related Post

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*