Changemakers4all за вториот роденден усреќи две дечиња со самохран родител


Граѓанското здружение Changemakers4all од Гевгелија деновиве одблежа двегодишнина од своето формирање а роденденот го посветија на две мали дечиња на самохран родител на кои им подарија велосипеди. Станува збор семејство во тешка финансиска состојба а здружениетосе одлучило средствата што ги донирал хуман гевгеличанец  за време на делењето заштитни маски  да ги искористат за да враќање на насмевките и радоста на две мали дечиња кои неизмерно се радуваа на донацијата

 

,,Одлучивме да усреќиме две мали деца со самохран родител, во тешка финансиска состојба.Со парите од донацијата, купивме два велосипеда. Изненадување, среќа, солзи неопишиви чувства. Тоа треба само да се доживее ! Донаторот ни направи прекрасен роденден, а детската радост уште повеќе. Поубав роденден неможевме да имаме !’’

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*