Донација за ЈЗУ Општа Болница Гевгелија


На 25 Април, здружението на граѓани #ChangeMakers4all овозможи донација од Холандија за општата болница во Гевгелија од 21 инвалидска количка и ролатори – помагала за одење а по потреба и за седење доколку има потреба зависно од состојбата на пациентот.
Инвалидските помагала ќе бидат расподелени на одделенијата во болницата каде што се најпотребни.
Изразуваме голема благодарност на: #Microdonia, Jan Zwiers, Dick Blokzijl, Jan Bork, Wim Kleine за претходните активности кои беа неопходни за ова донација пристигне во нашиот град.
Голема благодарност за завршената работа, потрошеното време и бесплатниот транспорт од 2500 километри.
Ви благодариме и оваа година што ни овозможивте да помогнеме на доста луѓе, за вашата хуманост, и што сте пак тука, за нас и нашиот град. Исто така благодарност и до шпедицијa Ин Трејд.

Related Post

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*